Кајли Џенер конечно го откри името на својот син кој наскоро ќе наполни една година.

Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира со малиот и во описот напиша „Aire“.

Набрзо во коментарите се појави и нејзината мајка Крис Џенер, која потврди дека тоа навистина е името на момчето.

„Те сакам Аире Вебстер“, рече Крис.

Да потсетиме, малото е второ дете на Кајли Џенер и раперот Жак Бермон Вебстер, попознат како Тревис Скот.

Двојката, за која неодамна се шпекулираше дека се раздели, ја има и четиригодишната ќерка Сторми.

Откако на почетокот на февруари минатата година им се роди синот, објавија дека му дале име Wolf, но набрзо се предомислија.

„Нашиот син повеќе не се вика Волф. Не се чувствувавме како да е тој. Сакав да споделам бидејќи гледам дека сите пишуваат Волф насекаде“, напишала Кајли тогаш на Инстаграм.