Кајакарската Федерација на Македонија, вчера на избор на најдобар кајакар за 2022 година, наградите ги додели во трите дисцилини кои се актуелни во кајакарскиот спорт.

Advertisements

За нај надежен  млад  кајакар во дисциплината кајак  спуст на дива вода е прогласен Благој Гугунов – Кајак Кану Клуб Арка Борец Велес.

Плакета За најдобар млад кајакар во дисциплината спуст доби Кристијан Лазаров додека за најдобар кајакар во спуст-спринт е прогласен Аслександар Златаров.

Плакетата за најдобар кајакар во спуст-класик ја доби Љубомир Спасиќ и најдобар тренер во оваа дисциплина е Љубомир Спасиќ ККК Арка Борец  Велес.

Наградите ги додели претседателот на Олимписки комитет на северна Македонија Г-динот Даниел Димевски

Во  дисциплината кајак спринт на мирна вода  за надежна млада кајакарка е прогласена Јана Патче од ККК Црн Дрим од Струга. Плакета за нај надежен млад кајакар во дисциплината спринт доби Слободан Попоски, за најдобар кајакар во оваа дисциплина е прогласен Никола Малески ККК Радика- Дебар, додека за најнадежен млад кајакар е прогласен Јован Циркоски ККК Дрим Струга.

Најдобар тренер во оваа дисциплина е прогласен Радован Поповски ККК Стрмец Охрид- Наградите ги додели заменик директорот на Агенција за Млади И спорт Г-динот Амир Билали

Во дисциплината кајак слалом на дива вода Плакета за За нај надежен млад кајакар доби Христијан Смилев Кајакарски клуб Бабуна Велес.

За најдобар млад кајакар беше прогласен Стефан Рибарски,  за најдобра кајакарка пак е прогласена Олгица Мелова ККК Просек Демир Капија,најдобар кајакар во оваа дисциплина е Ангел Петрушев , додека за најдобар тренер е прогласен Димче Стефановски ККК Вардар Велес.-наградите ги додели претседателот на Кајакарска Федерација на Македонија Г-динот Дрилон Леши.