По новиот раст на заболени од Ковид-19, во кој во текот на вчерашниот ден се регистрирани 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, од кои најмногу новозаболени има во Скопје. Истовремено, минатата недела, т.е. периодот од 25 до 31 октомври, се бележи најголем раст на новозаболени кај населението од 20 до 29 години.

Тоа е 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во наведениот период тестирани се 20.976 материјали, со намалување од 2,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 9,9 до 16,0 проценти, просечно 13,2 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.519 (54,2 отсто) лица од женски и 1.285 (45,8 отсто) од машки пол.

Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје – 18.

Најмногу од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години – 5, од 40 до 49 години – 5, од 30 до 39 години – 2 и од 10 до 19 години – едно лице.

Според извештаите од болниците кои пристигнале до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, а бројот на починати е 7.159. Има вкупно 6.875 активни случаи.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.