Грозоморниот чин на сексуално насилство го пријавила сестрата на силуваната жена, која во полицијата пријавила дека нејзината 44 годишна сестра ја силувал невенчаниот сопруг и уште неколку други лица.

Од СВР Струмица велат дека жената која го пријавила случајот рекла дека врз нејзината 44-годишна сестра била извршена обљуба од Б.Н. од струмичко село, со кого таа невенчано живеела, и од уште неколку лица.

Се работи на расчистување на случајот, соопштија надлежните институции.