Израел ја избра поп-ѕвездата Ноа Кирел како претставничка на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година.

Ноа Кирел (21) е една од најпознатите актуелни израелски поп-пејачки, со нејзините хитови „Pouch“, „Million Dollar“ и „Tikitas“. Таа не е само пејачка и танчерка, туку е и ТВ-водителка и топ-моделка. Била дел и од натпреварувачкото шоу „Израел има талент“ како судија, учествувала на престижниот „Фестигал“, го позајми гласот за израелската верзија на филмот „Тролови“, а настапи и на Мис Универзум 2021 година.

Одлуката е донесена од јавниот радиодифузер „Кан“. Според организаторите, Кирел бил првиот избор на комисијата и ја добила неговата едногласна поддршка. Изборот на песната допрва следи.

Израел победи на Евровизија четирипати. Последен пат, земјата го доби највисокото одличје во 2018 година, со песната „Toy“ на Нета Барзилај.