Глечерот бил на пат кон оддалечениот остров Јужна Џорџија, до кој глечер наречен А-68А се приближил минатата година, претставувајќи закана за екосистемот на британската прекуморска територија, се вели во соопштението на ЕСА.

А-68А веќе го сменил правецот и изгубил повеќе делови во декември, но не било јасно каде ќе заврши.

Според ЕСА, минатата недела биле откриени нови големи пукнатини во глечерот, а потоа се распаднал во „мали глечери“.

„Главниот глечер А-68А се чини дека се движи на југ и во моментов е на околу 225 километри од островот Јужна Џорџија“, се вели во соопштението, додавајќи дека помалите глечери се чини дека се оддалечуваат од главниот и едни од други.

Приближувањето на глечерот до тој оддалечен остров предизвикало стравувања дека може да заглави на крајбрежјето и дека неговата ладна свежа вода може да влијае на кревкиот екосистем на островот.

Научниците биле особено загрижени за судбината на пингвините на островот.

Глечерот се одделил од ледената плоча Ларсен-Ц на источниот брег на Антарктикот во јули 2017 година.

Се смета за еден од најголемите познати глечери во поновата историја пред да изгуби неколку свои делови во последните години.