Пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

За тие времиња, Исус настапил како либерален социјалистички панк од аспект на Римјаните и еврејски Вол Стрит растурач, антикорупционерска жива досада кон Евреите.

Сметал дека пропагирањето на филозофијата мора да биде со кратки пораки. Затоа, изгледа одел на тоа пропагандните пораки да не му се баш конзистентни – површно гледани, за да прашаат или да размислат луѓето.

На пример – сакај го ближниот свој како самиот себе, а ваму, вели не е штос да го сакаш тој што те сака. Или за богаташите му се подразбира дека се корумпирани, па да влезат во царството небесно можело колку камила низ иглени уши. Тие не спаѓаат во ближни.

Вели – следете МЕ, ама провоцира толку многу, да го казнат со тешка смрт. Каде да го следат!? Некои сфатиле дека треба да ја следат либералната филозофија на животот што ја пропагира, но на повеќето им се допаѓа слепото следење – бидејќи во него си нашле, практично, родителска фигура на која може да се закачат кога ќе имаат проблем, а во секое друго време да се однесуваат глупаво, бетер од мали деца.

Значи „следете ме“ му значело – не МЕНЕ да ме следите, туку откривајте сами слободно и ќе видите дека ова што сум го сфатил ќе ви направи подобар живот од тоа што сега го знаете.

За денес, затоа, низ поимот на сакањето самиот себе, специјално во површната варијанта за да протестираме против површното, на ред е претенциозна, суетна сајберпанк алгоритамска уметност со парадоксалното „Следи го белиот зајак“.

Превземено од Фронтлине.мк