Во 2017 година, вселенските сонди на НАСА открија масивна „бариера“ која ја создал човек, а истата ја опкружува Земјата. Дополнителните истражувања потврдија дека таа влијае на временските услови во вселената што се случуваат надвор од атмосферата на нашата планета.

Тоа значи дека се оддалечивме од тоа да влијаеме само на Земјата и дека нашите активности почнаа да го менуваат и универзумот! Добрата вест е дека оваа мембрана која сме ја создале работи во наша корист и ја штити планетата.

Како започнало сето тоа?

Во 2012 година, НАСА лансираше две вселенски сонди кои требаше да ги „бркаат“ појасите на зрачење „Ван Ален“ со брзина од околу 3.200км на час и да соберат податоци, но покрај тие појаси открија уште еден – привремен појас.

Појасите „Ван Ален“ се области околу нашата планета во кои, поради дејството на магнетното поле на Земјата, наелектризираните честички се движат со голема брзина, формирајќи моќен извор на електромагнетно поле. Земјата е опкружена со два такви трајни појаси и трет што е од привремен вид.

Instagram

Внатрешниот појас се наоѓа на надморска височина од 640 до 9600км над површината на Земјата, а надворешниот на надморска височина од приближно 13.500 до 58.000км, пишува „Science Alert“.

Третиот појас беше откриен во септември 2012 година. Се наоѓаше помеѓу внатрешниот и надворешниот појас и траеше околу еден месец.

Во 2017 година, овие сонди регистрирале уште нешто необично – еден вид нискофреквентна бариера која густите соларни честички ги држи подалеку од Земјата. Кога научниците дополнително го истражувале овој феномен, откриле дека оваа мембрана во текот на последните неколку децении активно ги турка „Ван Ален“ појасите подалеку од Земјата и дека сега долните граници на проток на зрачење се подалеку од нас отколку во 1960-тите години на минатиот век.

Радио бранови што создаваат бариера

Експертите на НАСА открија дека одреден вид на пренос, радио комуникација со многу ниска фреквенција „VLF“, сега се користи многу почесто отколку во 1960-тите години и дека тоа може да влијае на тоа како и каде се движат одредени честички во вселената.

Со други зборови, благодарение на тоа сега имаме антропогено вселенско време, односно човештвото почна да има влијание врз него.

Бројни експерименти и набљудувања покажаа дека, под соодветни услови, радиокомуникациските сигнали со ниска фреквенција „VLF“ всушност можат да влијаат на својствата на високо-енергетското зрачење околу Земјата“, вели физичарот Фил Ерикон од опсеравторијата „Haystack (MIT)“.

Instagram
Instagram

Каде се користи „VLF“?

Повеќето обичните луѓе ретко користат „VLF“ бранови во секојдневниот живот, но тие се потпора за многу инженерски, научни и воени операции и, на пример, често се користат во комуникација со подморници.

„VLF“ фреквенциите помеѓу 3 и 30 килохерци се преслаби за аудиопренос, но се совршени за емитување на кодирани пораки на големи растојанија или длабоко под вода.

Никој немал намера да испрати „VLF“ фреквенции на кое било друго место освен на Земјата, но се покажало дека овие фреквенции можат да навлезат и во вселенскиот простор околу нашата планета и да се задржат доволно долго оформувајќи огромна заштитна бариера.

„VLF“ бариерата не е единственото влијание што го има човештвото врз просторот околу земјата, но веројатно е со најдобар ефект. Ние оставаме свој белег во вселената уште од 19 век, а особено во последните 50 години.

„Нуклеарните експлозии создадоа ремени за вештачко зрачање во близина на Земјата кои оштетија неколку сателити“, соопшти НАСА.