Луѓето кои биле вакцинирани против грип имаат помала веројатност да бидат заразени со вирусот корона и имаат помала веројатност да имаат компликации, покажува студија на научници од Универзитетот во Мичиген.

Лекарите ги анализирале податоците на 27.201 граѓани на Мичиген, кои биле испитани за ковид-19 пред 15 јули, а од тој број, 12.997 лица биле претходно вакцинирани против грип, пренесува Дојче веле.

Научниците од Универзитетот во Мичиген, предводени од Ана Колон, анализирале релативно голем број граѓани: 27.201 лица кои биле следени за влијанието на пандемијата. До 15 јуни 2020 година, нешто помалку од половина од нив – 12.997 биле вакцинирани против грип.

Резултатот од нивната студија, објавена од Американскиот журнал за контрола на инфекции, гласи: 4,0% од вакцинираните против грип се заразиле со корона вирус – во споредба со 4,9% во групата невакцинирани.

Научниците откриле и дека оние кои биле вакцинирани против грип, имале помалку компликации со короната, помалку морале да одат во болница и помал број да бидат на респиратор. Статистички, нивниот престој во болница бил нешто пократок.

Во однос на смртноста, било тешко да се утврди каква било разлика, бидејќи примерокот бил исклучително мал: во апсолутен број, станува збор за 696 случаи на корона инфекција кај невакцинирани од грип и 520 случаи на инфекција меѓу инаку вакцинирани.

Всушност, одамна е познато дека вакцинацијата во принцип го зајакнува имунитетниот систем: пред многу години се објавени студии кои покажуваат дека децата кои се вакцинирани против сипаници долго време покажале поголема отпорност на целиот спектар на патогени, отколку децата кои не биле вакцинирани .

Така, може да се најде микробиолошко објаснување дека оваа научена отпорност од вакцина, исто така, делува до одреден степен против типичниот протеин на коронавирус.

Но, постојат и други елементи што отежнуваат да се даде точен одговор: луѓето кои редовно се штитат од грип, обично се многу повнимателни за своето здравје, многу од нив затоа што спаѓаат во ризични групи – како постарите лица или луѓе кои страдале од сериозни болести.

Од друга страна, важно е да се знае дека вакцинираните луѓе поминале полесно низ короната – и токму кај постарите лица текот на инфекцијата со корона е обично потежок.

Искуството од Холандија исто така сведочи дека ова има врска со целокупниот имунитет. Вработени во локалните болници кои пред зимата 2019/2020 година биле вакцинирани против грип – поретко биле заразени со корона отколку оние кои не биле вакцинирани. И, се разбира, нема постари лица меѓу таа популација и повеќето имале контакт со заразена корона.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.