Овогодишниот учесник во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ 24-годишниот Момир Луковац, наводно извршил самоубиство, а истрагата како што велат медиумите траела до раните утрински часови, јавува порталот Нова.рс.

Здружението на естрадни уметници на Црна Гора и неколку учесници на популарното натпреварување синоќа сооопштија дека нивниот драг колега починал.

Со тага и неверување тие со емотивни пораки и фотографии од Момир се простија од пејачот.
Негов ментор беше Александар Милиќ Мили, а последниот настап во „Ѕвездите на Гранд“ го имаше во јануари оваа година.

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Жирито му предвдуваше блескава кариера поради завидните вокални способности, а меѓу младите колеги тој беше омилен.

„Беше вистински другар и одличен пејач. За него не постои лош збор бидејќи се покажуваше и докажуваше само преку добри дела. Често луѓето му говореа дека ќе стане голема ѕвезда и единствена која нема да се вообрази поради популарноста. Тоа за жал не се случи“, изјави за Нова.рс пријателот на Момир.

The post Истрагата траела до раните утрински часови: Ѕвездата на „Гранд“ Момир Луковац (24) си го одземал животот appeared first on Слободен печат.


Истрагата траела до раните утрински часови: Ѕвездата на „Гранд“ Момир Луковац (24) си го одземал животот was first posted on април 21, 2021 at 1:00 pm.