НАСА доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид, предизвикувајќи тој да скршне од својот пат. Ова се смета за историска мисија, бидејќи тоа е „првиот планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар.
Последните моменти пред сударот ги снимила камерата на леталото, а последната слика е направена две секунди пред ударот.
Did you catch the #DARTMission stream live or Didymos it? Impact is over, but the research continues. As scientists delve into data and telescopes release images of the asteroid from their POV, follow @AsteroidWatch and @NASASolarSystem for updates. https://t.co/ZNEYDQVA8Y pic.twitter.com/dn2veS6zbG
— NASA (@NASA) September 27, 2022
„Судирот на ДАРТ со Диморфос речиси сигурно го променил текот на астероидот, имајќи ги предвид основните закони на физиката за зачувување на енергијата и моментумот. Ако орбитата на Диморфос околу поголемиот астероид Дидимос не се промени, тогаш Њутновите закони ќе бидат прекршени. За прв пат во историјата испративме вселенско летало и тоа се судри со астероид на седум милиони километри од Земјата“, соопшти НАСА.
„Човештвото влезе во ново доба, доба во која потенцијално имаме способност да се заштитиме од опасностите што ги претставуваат астероидите. Прекрасно“, изјави една од шефовите на НАСА, Лори Глејз.
Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО – што е име дадено на објект блиску до Земјата – астероид или комета – што би можел да се приближи кон орбитата.
Во 2016 година, НАСА ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (PDCO) за рано откривање на заканата од големи НЕО – најмалку 30 до 50 метри – кои би можеле да ја оштетат површината на Земјата и да ги следат траекториите на овие објекти.