На 6 јануари 2021 година, поддржувачите на Доналд Трамп упаднаа во Капитолот во Вашингтон за време на широкото заседание на двата дома на Конгресот на САД за сертификација на резултатите од претседателските избори одржани во ноември 2020 година. Во хаосот и нередите загинаа четири лица.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во минатото, разни политички сили се обидувале да го нападнат или заземат Конгресот на САД.
На 24 август 1814 година за време на британско-американската војна, Вашингтон бил окупиран од британската војска под команда на генерал-мајор Роберт Рос. Англичаните тогаш го запалиле зданието на Сенатот и Претставничкиот дом, недоизградената Бела куќа и повеќе други државни објекти. Запалена била и библиотеката на Конгресот. Според историчарите, тоа е единствен случај кога Капитол бил целосно заземен и разрушен.
Четири членови на Националистичката партија на Порторико кои се бореле за независност на оваа карипска земја од контролата на САД, на 1 март 1954 година упаднаа во Конгресот и отворија оган од автоматско оружје. Во нападот биле ранети пет конгресмени.
Во знак на протест против војната во Виетнам и бомбардирањето на Лаос, активисти од радикалната организација „Weather Underground“, активирале бомба на првиот кат на Капитол. Немало настрадани, експлозијата причинила само материјална штета, а разурнат бил делот од зградата каде се наоѓал Сенатот.
На 24 јули 1998 година, Расел Јуџин Вестон –помладиот вооружен со револвер со калибар 38, се втурнал во зградата на Конгресот и отврил оган, при што загинале двајца полицајци. Според напаѓачот, основен мотив за стореното било неговото незадоволство од работата на сојузната влада.
Лари Доусон, 66 – годишен жител од Тенеси, на 29 март 2016 година се обидел да отвори оган кај влезот на Капитол хил наменет за посетители на Конгресот. Како резултат на ова, бил ранет само напаѓачот и една жена случаен минувач. Инцидентот е наречен како „злосторничко дело на eдинечен демонстрант“.