Поранешниот шпански репрезентативец Иско би можел да ја продолжи кариерата во англискиот премиерлигаш Евертон, пренесуваат британските медиуми. Иско (30) моментално е без договор, а може да потпише договор со кој било клуб иако преодниот рок заврши. Иско кариерата ја започна во Валенсија, а потоа играше за Малага пред да пристигне во Реал во 2013 година.
Иско за Реал играше до јуни минатата година, а потоа се пресели во Севиља. Тој потпиша двегодишен договор со Севиља, но во декември ја заврши соработката со шпанскиот клуб.
Иско пред неколку дена требаше да ја продолжи кариерата во Унион од Берлин, но двете страни не постигнаа договор.
Британските медиуми пренесуваат дека Иско наводно сака да ја продолжи кариерата во Евертон, а во овој клуб треба да го замени Ентони Гордон кој се пресели во Њукасл. Евертон моментално се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата со само 18 бодови./Makfax/