Славниот руски модел Ирина Шајк иако ретко открива за нејзиниот приватен живот, во своето ново интервју за магазинот „Elle“ се осврна на нејзината врска со нејзиниот поранешен партнер, холивудскиот актер Брендли Купер и нивното заедничко старателство на нивната тригодишна ќерка Лeа Де Сеин.

По четири години заедно, Ирина Шајк и познатиот холивудски актер и режисер Бредли Купер во 2019 решија да се разделат. Последните месеци таа ретко коментираше за неговиот поранешен партнер во медиумите.

Никогаш не го разбирав терминот заедничко старателство. Кога сум со ќерка ми, целосно ѝ се посветувам како мајка, а кога е со нејзиниот татко, тој целосно се обидува да биде посветен татко. Заедничкото старателство е родителство“, изјави Шајк во интервју за списанието.

epa-efe
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Мојата поранешна врска е нешто што ми припаѓа мене, тоа е моја приватна работа и тој дел од себе не сакам да го делам со други“, објаснува руската убавица.

Тие станаа родители на тригодишното девојче Леа Де Сиен во април 2016 година, а извор близок до поранешната двојка минатиот месец за американските медиуми потврди дека Шајк и Бредли се обидуваат да имаат здрав однос за доброто на нивната ќерка која е нивниот главен приоритет.

Познатата руска убавица, која со години е дел од модни ревии на водечки дизајнерски брендови, еднаш изјави дека мајчинството го смета за најдоброто нешто на светот.

Понекогаш луѓето коментираат дека затоа што сум мајка, веќе не смеам да носам оскудна облека. Живееме во 21 век. Само затоа што станав мајка не значи дека треба да се облекувам поинаку. Секогаш се трудам да бидам автентична“, изјави таа во една прилика.

Profimedia
Profimedia

Бредли Купер истата година за време на неговото гостување во емисијата на Елен Деџенерис изјави дека улогата на татко успеала да го промени во целост.

Родителството ми овозможи да ја прифатам својата детска страна без никаков страв од осуда. Можам по цел ден да си играм со играчки или бесконечно да гледам цртани филмови со ќерка ми и да не мислам дека така губам драгоцено време“, изјави Купер.