Ирина Шајк ги почасти своите фанови на Инстаграм со фотографии на кои позира во проѕирно боди кое остава многу малку простор за фантазирање.

Црните линии на бодито ги прекрија интимните делови, а манекенката градите ги прекри со рацете. На лицето таа носеше заштитна маска.

Фотографиите кои настанаа додека таа се подготвуваше за виртуелната модна ревија, собраа повеќе од милион лајкови и илјадници коментари.

„Кралица“, „Изгледаш неверојатно“, „Најубавата жена на светот“, „Божица“, се само некои од комплиментите кои фановите и ги упатија на 35-годишната манекенка.