реклама
Ирската пејачка и музичарка Шинејд О’Конор денеска ќе биде погребана во ирскиот приморски град Бреј, а на еден рид недалеку од тоа место се појавила посвета – знакот „Ирска ја сака Шинеад“ (Eire <3 Sinead), пренесуваат медиумите.
Во чест на починатата пејачка, креативна агенција привремено го смени големиот знак „Eire“ (старото име за Ирска) што претходно ги предупредуваше воените авиони кои се приближуваат до неутрална ирска територија во џиновски знак „Eire <3 Sinead“ (Ирска ја сака Шинејд).
реклама
Погребот на Шинејд О’Конор треба да се одржи денеска во Бреј, каде што живееше одредено време, а нејзините многубројни обожаватели се поканети да и оддадат последна почит.
Гардијан пишува дека илјадници луѓе се собрале на улиците на тој град, носејќи цвеќиња, транспаренти, пеејќи ги нејзините песни. Семејството ги покани членовите на јавноста да присуствуваат на поворката, но не објави детали за погребот, кој ќе се одржи на приватна церемонија.
реклама