Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи помилувал „десетици илјади затвореници“, вклучително и многумина уапсени за време на неодамнешните антивладини протести, објави новинската агенција Ројтерс на 5 февруари, цитирајќи ги извештаите на иранските државни медиуми.
„Затворениците кои не се соочуваат со обвиненија за шпионирање за странски агенции, директен контакт со странски агенти, намерно убиство и ранување, уништување и палење на државен имот или без приватен обвинител ќе бидат помилувани“, се вели во извештаите на државните медиуми.
Помилувањата беа објавени по повод годишнината од Исламската револуција во 1979 година.
На 24 ноември 2022 година, Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) гласаше за започнување истрага за репресијата на мирните демонстранти од страна на иранските власти по смртта на Махса Амини./slobodnaevropa/