Симоне Инзаги очигледно ќе го продолжи договорот со Лацио.

Договорот на Инзаги истекува на крајот на сезоната и се шпекулира дека соработката ќе биде продолжена.

Лацио се уште е во игра за Лигата на шампионите, а тимот верува дека тоа ќе го постигнат на крајот.

Неодамна се појави информација дека Синиша Михајловиќ може да дојде во Лацио, но тоа веројатно нема да се случи.

“Треба да ја завршиме сезоната на позитивен начин. Добро се согласувам со претседателот Лотито, не брзаме. Тој има лични проблеми и играме натпревари на секои три дена. Нема да има проблеми”, рече Инзаги.

“Горд сум што сум тренер на овој тим. Ние сакаме да завршиме меѓу четирите првопласирани екипи”, додаде тој.

Лацио во моментов е на шестото место со натпревар помалку.

Второпласираната Аталанта е на само пет бода од него и јасно е дека сè е отворено.

Вчера титулата шампион во Италија ја обезбеди Интер.

По девет години доминација на торинскиот Јувентус, „нероаѕурите“ успеаја на четири кола пред крајот на оваа сезона да ја обезбедат титулата по 11 години чекање.

Интер стигна до титулата откако Сасуоло ремизираше со Аталанта (1:1), и со тоа стана јасно дека никој не може да стигне до тимот од Милано до крајот на сезоната, кој може да започне да слави.

Првите честитки пристигнаа од поранешните шампиони на Јувентус, кои спортски го признаа поразот оваа сезона на Твитер.

„Честитки за Интер за освоената титула италијански шампион за сезоната 2020/2021“, е пораката од Торино.