Италијанските гиганти Јувентус и Интер со големо внимание ја следат ситуацијата околу холандскиот напаѓач на Барселона, Мемфис Депај. Тој најверојатно ќе биде прекуброен во каталонскиот клуб, па и покрај тоа што не сака да си замине, најверојатно ова лето ќе треба да најде нов тим, тврди „Диарио Спорт“.

Advertisements

Неговата желба е да игра во тим кој ќе настапува во Лигата на шампионите.

Јувентус и Интер ќе дадат понуда до Барселона за напаѓачот, но не се подготвени да трошат големи пари. Интерес за играчот покажува и Тотенхем.

Каталонците за Депај бараат околу 25 милиони евра.

Извор: макфудбал

Прикажи повеќе