Во САД инфлацијата почна да се намалува во август, охрабрувајќи ги креаторите на монетарната политика дополнително да ги намалат каматните стапки.
Индексот за лична потрошувачка (PCE), важен показател за инфлацијата за Федералните резерви на САД, се зголеми за 2,2 отсто на годишно ниво во август, забавувајќи од јулските 2,5 отсто.
Вредноста на тој индекс сега е најниска од февруари 2021 година, кога изнесуваше 1,9 отсто, јавија американските медиуми.