Имунологот Златко Тробоњача од Универзитетот во Ријека, гостуваше во емисијата „Добро утро Хрватска“ и ги сподели своите сознанија, но и загриженоста поради актуелната состојба.
Според него, загрижувачки се податоците од Израел, бидејќи повеќе од 60% од популацијата веќе е вакцинирана со две дози, но и дека голем број од инфицираните биле вакцинирани со Фајзер. Со ова, е доведено во прашање нивото на заштита на конкретната вакцина, кое пред бранот на овој сој беше проценето на околу 90%.
Сепак, повеќе имунолози и експерти тврдат дека мутациите може да влијаат врз целокупната ефикасност на вакцините, а тоа отвора простор и за размислување за трета доза од вакцините.
Притоа, Тробоњача за делта-сојот кажа дека има 15 или 18 мутации, но само четири од нив се високо инфективни. Постојат мутации кои воопшто не навлегуваат во живи организми, но и такви кои не предизвикуваат никаква штета. Во однос на коронавирусот Сарс-ков-2, тој нагласи дека во моментов „циркулираат“ најмалку 2000 мутации, но и дека со секој ден повеќе како овој вирус се задржува меѓу популацијата, се создаваат услови и за нови мутации.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.