Од продавниците се повлекува чоколаден бар „милка орео“ од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

 

Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД „Нелт“.

 

 

Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024 година.