И вакцинираните против ковид-19 се заразуваат, ама полесно поминуваат, вели д-р Лиса Адамс, деканка на Универзитетот Дармут.
Таа вели дека вакцините се многу ефикасни во спречувањето на сериозни симптоми, но ниту една вакцина не е 100 проценти ефикасна.
Знаеме дека постојат случаи на зараза и кај вакцинирани луѓе, но кај тие луѓе обликот на болеста е многу благ, вели д-р Адамс.
Д-р Пол Офит, директор на Детска болница во САД, пак, тврди дека вакцините спречуваат хоспитализација и смртен исход.
Новите податоци говорат за голем процент на смртен исход кај луѓето што не се вакцинирани. Од 157 милиони вакцинирани луѓе има само 733 случаи на заразени со ковид-19. Околу 75 отсто од новите инфекции се појавиле кај луѓе постари од 65 години. Целта на вакцините е да ве заштити од болничко лекување и смртен исход. Не е страшно ако имате блага инфекција – вели д-р Офит.
Според податоците, инфекцијата е блага и често без симптом. Ако станува збор за делта-сојот, се појавува течење на носот и главоболка.
Некои луѓе пријавиле течење нос, иритација на очите, умор, губење на осетот за мирис и вкус, но сите исчезнале за една недела. Други пријавиле опстипација и главоболка.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.