Благодарение на пандемијата, 2020 година беше најчудната година и во историјата на кинематографијата. Со неколку месеци задоцнување, конечно се одржа престижната церемонија на доделување на филмските награди, а на никогаш поскромниот црвен тепих, и мажите се потрудиле во врска со своите модни комбинации.

Холивудските ѕвезди, се чини, едвај чекале повторно да прошетаат по црвениот тепих и да се претстават во свечени изданија со дизајнерски потпис. Иако традиционално отсекогаш доминирале жените на црвениот тепих, оваа година шоуто успешно беше украдено и од мажите од светот на шоубизнисот.

Најдобро облечените мажи на црвениот тепих на Оскарите:

Лакит Стенфилд

epa-efe
EPA-EFE/Alberto Pezzali

Не е никаква новост дека модниот свет изминатиов период едноставно „лудува“ по парчиња што ја одбележале ерата на 70-тите, а виновникот за овој тренд многумина го гледаат во популарноста на новите проекти на „Netflix“, како што е серијата „Тhe Serpent“. Препознатливиот стил на облекување од 70-тите години се рефлектираше и на црвениот тепих на Оскарите благодарение на актерот Лакит Стенфилд. Тој беше номиниран за неговата улога во филмот „Judas and the Black Messiah“ и воодушеви многумина со својот „винтиџ“ изглед со потпис од „Yves Saint Laurent“.

Колман Доминго

epa-efe
EPA-EFE/Chris Pizzello

Мажите облечени во класичен црн смокинг станаа дефиниција за црвениот тепих на Оскарите, а актерот Колман Доминго очигледно решил да се оддалечи од традицијата. Тој се појави во спектакуларно розово одело украсено со сјајни апликации. Имено, станува збор за костум со потпис на „Versace“. А, актерот доби голем број комплименти за својот моден избор од јавноста на социјалните мрежи.

Лесли Одом Џуниор

epa-efe
EPA-EFE/Chris Pizzello

Американскиот актер и пејач оваа година заработи дури две номинации за Оскар – за најдобра оригинална песна и за најдобар спореден актер за неговата улога во филмот „One Night in Miami“. За оваа прилика, тој решил да остави неизбришлива трага на црвениот тепих на Оскарите, појавувајќи се во златно одело со потпис на луксузната италијанска марка „Brioni“. Како што откри, неговиот костум бил направен од свила со конци од 24-каратно злато.

Даниел Калуа

epa-efe
EPA-EFE/Chris Pizzello

Перспективниот британски актер го освои својот прв Оскар оваа година благодарение на споредната улога во филмот „Judas and the Black Messiah“. На никогаш поскромниот црвен тепих на престижната награда, тој прошета во црн костум со потпис на популарната италијанска марка „Bottega Veneta“. Носеше обична црна маица под костумот, а за доза на гламур во целата комбинација додал скап дијамантски ѓердан од брендот „Cartier“, пишува „tportal“.