Канадската пливачка Самер Мекинтош постави нов светски рекорд на 400 метри слободно. Таа на изборното првенство на Канада, исплива ново најдобро време во светот откако ја мина делницата за 3:56.08 минути.

Advertisements

Со тоа Мекинтош го подобри досегашниот светски рекорд на Австралијката Ариарне Титмус од 2021 за 32 стотинки.

„Ова е навистина неверојатно. Воопшто не очекував дека можам да бидам толку брза“, изјави Самер Мекинтош по големиот успех.

Прикажи повеќе