Бела Хадид, една од најпознатите манекенки на денешницата, ја воодушеви јавноста со хуманиот гест. Таа одлучила да им подари облека на бездомниците и на луѓето кои немаат пари.
„Снегот е прекрасен, но секој ден, како што станува поладно, не можам, а да не помислам на луѓето кои немаат дом оваа зима… кои одат секое утро по снегот без покривка што им е потребна, на работниците на улиците… Секогаш размислувам за луѓето кои не можат себеси да си дозволат топла облека, како ни за нивните деца, за родителите“, рече Бела.
„Во оваа тешка година многумина останаа без работа, без дом, а згора на сѐ проклетиов снег им ја отежнува ситуацијата и им носи тага и малодушност. Во мојот шкаф најдов некои топли работи, јакни и капути за да ги испратам во организацијата The Peoples Table New York која ќе ја преземе облеката и ќе им ја даде на оние на кои им е потребна. Ќе продолжам да ги поддржувам, особено додека трае зимата“, наведе манекенката и ги повика сите кои можат да помогнат.