
Хрватска влада денеска изгласа закон со кој пописот на населението се одложува за на есен. Како што пренесуваат локалните агенции, таквата одлука на владата е донесена поради епидемиолошката состојба со ковид-19.
Планот е пописот да се спроведе во две фази, првата од 13 до 26 септември, со попис на населението преку електронскиот систем, а втората од 27 септември до 17 октомври, теренски, во лично интервју со населението, пренесува „Вечерњи лист“.
– Advertisement –
Во случај, поради посебни околности, пописот да не може да се спроведе во утврдените рокови, Владата со посебна одлука ќе утврди нови рокови.