Португалската репрезентација ќе добие нов селектор по Светското првенство (СП) во Катар, затоа што Фернандо Сантош ќе си оди, пишува „А Бола“. Сантош испадна од Мароко во четвртфиналето и ја разочара нацијата. Договорот на 68-годишникот беше до крајот на циклусот за ЕП 2024, но двете страни ќе се разделат порано поради неуспехот.

Advertisements

Според медиумите од Италија, Португалската федерација има желба Жозе Мурињо да биде новиот селектор на Португалија. „Специјалниот“ има договор со Рома до 2024 година, па затоа ќе добие договор да работи на двојна функција.

Вториот кандидат за тренерското столче на Португалија е Руи Жорж, кој го однесе У21-тимот до финалето на Европското младинско првенство./Gol.mk/

Прикажи повеќе