Еден од најголемите trip-hop бендови во светот конечно се враќа во Скопје: HOOVERPHONIC ќе одржат ексклузивен концерт во Македонска филхармонија на 18. април, 2025 година, соопшти „Авалон продукција“.

По повод 25 години од aлбумот „The Magnificent Tree“, во кој се наоѓа ремек делото кое ја одбележа нивната кариера – „Mad About You“, Hooverphonic ќе одржат еден ексклузивен концерт во Македонска филхармонија, придружувани од гудачки квартет.

Hooverphonic e белгиски бенд основан во 1995та година, со 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија позади себе.

Во 2019та година во рекорден рок распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, по што следеа, едни од најубавите концерти некогаш одржани во таа сала.

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.

Исто така, во продажба има и лимитиран број на ВИП влезници (само првите 6 реда) по цена од 2.500 денари.

Ќе се одржи само еден ексклузивен концерт.

Текстот Hooverphonic доаѓаат во Скопје е превземен од МАКФАКС.