Хирург е казнет во Австрија затоа што на почетокот на оваа година ампутираше погрешна нога на пациент.
Во средата, судот во Линц ја прогласи виновна 43-годишната докторка за крајно невнимание и ја казни со глоба од 2.700 евра.
На вдовицата на пациентот, која почина пред случајот да оди на суд, и е досудена отштета од 5.000 евра.
Пациентот минатиот мај дошол во клиника во малиот град Фрајштат за да му ја ампутираат ногата, но хирургот ја означил погрешната нога како онаа што треба да биде ампутирана.
Грешката е забележана при рутинската замена на завојот, а на пациентот му било кажано дека сега ќе мора да ја ампутира и другата нога.
Во тоа време, болницата соопшти дека инцидентот се случил поради „след на несреќни околности“. На прес-конференцијата јавно извинување најави и првиот човек на болницата.
На суд, хирургот објасни дека имало грешка во синџирот на команда за време на операцијата.
На прашањето зошто ја обележала десната, а не левата нога, таа одговорила: „Едноставно не знам“.
По овој инцидент, хирургот отишол на работа во друга клиника. Половина од паричната казна и е укината.
Случаи како овој се ретки, но тие се случиле во минатото.
Во 1995 година, среде операција во Соединетите Држави, еден лекар сфатил дека му ја ампутира погрешната нога на дијабетичар. Но, морал да продолжи откако веќе ги исекол мускулите, тетивите и лигаментите.