Во јужниот дел на Чиле почнаа насилни протести по објавувањето видео снимки на кои се гледа како полицаец застрелува уличен забавувач.
Демонстрантите ги запалија државните згради во Пангуипули, а во главниот град Сантијаго, гневните граѓани излегоа на улиците, јави Би-Би-Си.
Министерот за внатрешни работи Родриго Делгадо го осуди подметнување пожари и рече дека по завршувањето на истрагата за пукањето, виновникот ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Убиството на уличниот забавувач се случи во петокот, а протестите почнаа вчера.