Неколку лица се нападнати за време на ракометен натпревар вчера во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел.
„Полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометниот натпревар“, велат од МВР.
При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.