Дербито на вечерта го играа Челзи и Милан кое на крајот заврши со убедлив триумф на „сините“. Милан вечерва не успеа на вистински начин да се спротистави на тимот на Грем Потер, па затоа и заслужено беа поразени. Натпреварот беше отворен во 24. минута преку новото засилување на Челзи, Весли Фофана.
Милан во самиот финиш од првото полувреме имаше добра прилика преку Круниќ, меѓутоа тој не реалзираше, па на пауза се замина со минимална предност за Челзи. После десет минути игра во вториот дел Обамејанг се запиша во листата на стрелци и зголеми на 2:0. Сите дилеми околу победникот ги отстрани Рис Џејмс во 62. минута.
Манчестер Сити ја оствари најубедливата победа вечерва и го совлада Копенхаген со 5:0. Повторно своја вечер имаше неверојатниот Халанд кој постигна два гола за половина час. Во вториот дел стреелаа Марез и Алварез, а гостинскиот фудбалер Кочолава си постигна автогол.
Борусија Дортмунд забележа убедлива победа на гостински терен против Севиља. Работата „милионерите“ ја заврши во првото полувреме кога погодуваа Гереро, Белингам и Адејеми. Во вториот дел за Севиља погоди Ел Несири, а конечните 1:4 ги постави Брандт.
Реал Мадрид славеше поебда против Шахтјор Доњеск од 2:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме. „Кралевите“ поведоа преку Родриго и Винисиус, а Зубков во финишот од првиот дел погоди за намалување на водството.
Јувентус после двата стартни порази вечерва играше против Макаби Хаифа и ова беше натпревар во кој „старата дама“ немаше право на кикс. На крајот ја оправдаа фаворитската луга славејќи со 3:1. Адриен Рабио постигна гол после 35 минути игра, а во второто полувреме покрај Рабио кој постигна втор гол стрелаше и Влаховиќ. Голот за Макби беше дело на Дејвид.
Бенфика го приреди изненадувањето на вечерта откако одигра 1:1 на свој терен против ПСЖ. Гостите од Париз до водство стигнаа после 22 минути игра, после одличната акција маестрален гол постигна Меси. Данило во 41. минута си ја постигна сопствената мрежа и овој резултат се покажа како конечен.