Популарната манекенка започна легална битка против својот татко, Гунтер Клум, кој ги заштитил името и презимето на внука му Лени, како трговска марка, бидејќи тинејџерката веќе сериозно се занимава со манекенство и моделство.
Гунтер во март годинава поднесол документи во кои исто така го има заштитено и прекарот за внуката, „Mausekatze“ што во превод значи „глувче маче“.
Но, со ова не е среќна ќерка му, популарната манекенка Хајди, која покрена тужба со која сака да ги добие правата за името на ќерка си.
Германскиот адвокат Стефан Рубен за весникот „Билд“ изјавил: „Доколку Гунтер Клум ги прекршил правата на туѓо име, ќе мора да одговара на суд, каде доколку биде одобрена жалбата, може да го чини и 420.000 американски долари или шестмесечен затвор“.
75-годишниот Гунтер тврди дека има право да го направи ова бидејќи Клум е семејно презиме, додека Лени е името на неговата почината мајка.
Во меѓувреме, поранешниот сопруг на Хајди, Сил – со кого ги има Лени, како и Анри (15), Јохан (14) и Лу (11) – неодамна изјави дека не е задоволен од тоа што неговата ќерка тргнала по стапките на Хајди.
„Тоа е несигурен пат по кој треба да се оди“, рече Сил, признавајќи дека неговите деца не се заинтересирани за неговата кариера. Тој додаде: „Ние никогаш воопшто не зборуваме за мојата музика“.