Новинарите во Англија се интересираа за плановите на шпанскиот стручњак, Пеп Гвардиола, по завршувањето на тренерската кариера, а таму тој сепак ја спомена Барселона.
„Ќе се вратам во Барселона, 11 месеци ми недостасува топлината од 25 степени. Ми недостига храната таму, мирисот на морето. Ги отвораш завесите наутро и ја гледаш светлината, тоа е фантастично. Имам многу пријатели таму. Ќе се вратам на стадионот на Барселона, ќе седнам и ќе ги гледам натпреварите на мојот омилен тим. Ќе направам многу, многу работи кои се уште не сум успеал да ги направам. На пример, ќе научам да готвам. Ќе патувам на места каде што не сум бил. Ќе играм голф секој ден. Ќе јадам што повеќе за да изгледам како добар дедо од 90 килограми“, изјави Гвардиола.
Сепак, крајот на неговата кариера се уште е веројатно далеку, со оглед на тоа што овој голем специјалист има само 52 години и има уште многу работа во кариерата.