Германскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, поради тоа што Мануел Нојер ќе одмара, за мечот со Македонија ја доби капитенската лента. Играчот за врска кој игра во фантастична форма вели дека нивната цел е да имаат три од три на стартот од квалификациите.

-Навистина сум среќен што квалификациите ги започнавме со две победи. Многу е важно на нив да надоврземе уште една против Македонија, па со максимален број на бодови да го затвориме овој квалификациски циклус, вели Гундоган.

Инаку, во првите две кола од овие мартовски квалификации Германија славеше против Исланд со 3:0 и потоа против Романија со 1:0.

Дуелот Германија-Македонија се игра утре вечер со почеток во 20:45 часот.