Многу лекари пишуваат рецепти за лекови толку неразбирливо, што просечна личност не може да го „дешифрира“ нивното значење. „Гугл“ сега има решение за ова.
Advertisements
Компанијата која стои зад пребарувачот, „Алфабет“, соопшти дека соработува со фармацевти за да го реши проблемот со „докторскиот ракопис“. Ќе биде достапна функција преку технологијата „Гугл ленс“ која на корисниците ќе им овозможи да фотографираат рецепт и да ја прикачат фотографијата. Потоа таа ќе биде обработена, а апликацијата ќе ги детектира лековите што се наведени на рецептот.
– Ова ќе функционира како помошна технологија за дигитализација на пишани медицински документи така што ќе ги вклучува фармацевтите, но никаква одлука нема да биде донесена исклучиво врз основа на резултатите од оваа технологија – соопштиле од компанијата.
Не е наведено кога ќе биде достапна новата функција.
Извор: Studomat