Вицепремиерот Артан Груби на денешната панел дискусијата „На патот кон ЕУ: Искористување на можностите за брза интеграција“, рече дека рускиот претседател Владимир Путин сакал да ја дестабилизира Македонија со меѓуетнички конфликти, пренесива Фактор.мк

„Замислете, имаше изјави од министерот за надворешни работи Лавров и неговата портпаролка Захарова и од претседателот Путин, кој ги познаваше сите села во Македонија и ги спомна во неговите интервјуа во меѓународните медиуми и рече дека Македонија е линијата на огнот за Русија во врска со НАТО проширувањето. Ова е изјава цитирана од г-дин Лавров, а потоа тоа господин Путин го охрабри во своите медиуми, спомнувајќи го и Грушино од Куманово во своите интервјуа, дека ги познава сите села во Македонија, за да поттикне меѓуетнички тензии меѓу Албанците и Македонците“, рече Груби.

Според него, истиот центар  бил и против промените на Уставот и  против зачленувањето во НАТО, прашувајќи сакате ли уште? – по што ја наброја воената агресија на Украина.