Громот не удира само „надолу“, понекогаш бесот на облаците е насочен кон небото, а доказ за тоа е ретката атмосферска појава „Биг џет“. Научниците отприлика знаат како се јавува, но сè уште не се целосно договорени за тоа која е нејзината точна причина.

Имено, моќен млаз тргнува од горната површина на облакот и се празни нагоре, кон јоносферата, слој од атмосферата кој започнува на околу 48 километри над Земјата. Овие млазници се толку моќни што понекогаш надминуваат 50 километри во домет, а со тоа го допираат самиот раб на вселената, кој е на 100 километри од нивото на морето на Земјата – таканаречената линија Карман.

Научниците утврдиле дека оваа појава често се случува над океанот, но и за време на бури над земјата каде што нема многу празнење на електрична енергија, односно гром не удира често. Тие веруваат дека можеби акумулираната струја бара каде да „избега“ и успева да го направи тоа кон вселената, наместо кон земјата.

Научниците сè уште се обидуваат да дознаат повеќе за овој феномен, но им пречи тоа што се ретки, па само пет пати годишно некој успева да документира нешто како „Големиот млаз“.

Тие се секако уште еден потсетник за тоа колку е прекрасна нашата планета и дека треба да ја заштитиме.