Валери Грение е победничка на велеслаломот што се одржа во Крањска Гора, а се бодува за Светскиот куп во алпско скијање.Таа во двете трки имаше вкупно време од 1 минута 55 секунди и 1 стотинка и за 37 стоти дела беше побрза од Марта Басино од Италија додека трета е словачката скијачка Петра Влхова.

Advertisements

Во редоследот за велеслалом на чело е Басино со 380 бода пред Шифрин со 300, а на третата позиција се наоѓа Лара Гут Бехрами со 297.

Во генералниот пласман лидер е Шифрин со 105 бода, 369 повеќе од Влхова, а на третото место е Венди Холденер од Швајцарија со 511.

Прикажи повеќе