Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами оствари средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ на која разговараа за актуелната политичка состојба. Тој ја информирал за избор на новиот состав на Советот и за работата ја очекува општината.

–Соработката и координацијата со меѓународната заедница е важна и за градот и за државата на европскиот пат. Ја информирав амбасадорката и за притисокот што ДУИ го врши врз локалната власт, особено сега после поразот на изборите за совет, информира градоначалникот Биљал Касами.

На средбата разговарале и за можна опозициска соработка, како и за хрватско-албанските односи и за можноста за продлабочување на билатералната соработка.

-Хрватска беше, е и ќе продолжи да биде наш главен пријателски партнер кон подобра иднина за двете земји, оцени Касами.