Граѓанската иницијатива „Гласот на народот“ почна онлајн петиција за разрешување на првиот вицепремиер Артан Груби. Во нивното соопштение се вели:

Поаѓајќи од отежнатата состојба со сеопфатното лошо менаџирање на извршната власт на ДУИ, предводена од Артан Груби, кој воспостави раздор како метод на креирање политики, воспостави диференцијација, иницираше и спроведе коалиција со нашите главни политички противници, а притоа не спроведе ниту една точка од изборната програма и ветувањата до граѓаните,

Граѓанската иницијатива „Zani Popullit“ (Гласот на народот) покренува петиција за разрешување на Артан Груби од вицепремиерската функција и разрешување на целиот владин кабинет од ДУИ.

Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на оваа иницијатива.

Линк:

https://zanipopullit.com/?lang=mk