Ги плаќаме за да знаат што да прават, вели постара госпоѓа со солзи во очите која се јави на контактна емисија на телевизија Алфа, а говореше за состојбата со Ковид 19 во Гевгелија.
Понатаму да додава дека властите треба да помогнат и да не дозвола народот да офка и да лелека, губејќи ги своите блиски.
-Мене многу ми е тешко морам да кажам, проклет КОВИД, проклети вирус, ние сите сме несериозни, почнувајќи од Влада, завршувајќи до народот. Ние од Гевгелија се јавувам изгубивме прекрасни докторки, медицински персонал, малечко гратче со чист воздух, незагадено, а ние умираме. Како власта не си дозволи од буџетот секој сомнителен или позитивен по едно пакетче да му се даде превентива на лекови ако ништо друго. Душата ме боли, срцето ми е откорнато во градите, немам срце. Не знам, не велам срам да им е…Не знам како треба да функционираат тие се платени за да знаат да функционираат не треба народот да офкам и да лелека. Толку имам да кажам, немам што друго, не можам да се смирам губејќи ги своите блиски.
Co солзи во очите госпоѓа раскажува, не треба народот да офка и да лелека! Погледнете што се случува по Македонија со коронава додека цреповиве се возат со мотори… pic.twitter.com/f7anu8UnvP
— Charles Boycott (@JohnnyParka) April 12, 2021
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.