A dog with a lighted collar walks in a street during a blackout in Kyiv, Ukraine, Wednesday, Nov. 16, 2022. (AP Photo/Andrew Kravchenko)

Русија утрово изврши голем ракетен напад врз Одеса, јавуваат светските медиуми, а кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Дњепар.

Локални функционери рекоа дека во Киев и Дњепар работат системите за противвоздушна одбрана со цел соборување на проектили. Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои најверојатно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

Познавачите претпоставуваат дека се работи за уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура.

 

– Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа, изјави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак“.

– Украина веќе претрпе исклучително тешки удари, кои ги немаа резултатите на кои се надеваа руските кукавици. Нема да успеат, ние ќе ги згазиме, додаде Јермак.

Украинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, javi дека Русија утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.

Кирил Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на Зеленски, рече дека неколку експлозии одекнале во центарот на Дњепар. Оштетени се два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е повредено.