И годинава огромен интерес има за албанското крајбрежје.

Албанија секоја година станува се попопуларна дестинација. Она што најмногу ги привлекува нашите туристи, покрај прекрасните плажи, се и цените кои се многу пониски отколку во Црна Гора, Хрватска и другите земји од регионот.

Освен за сместување и превоз, најмногу пари секогаш се трошат за храна, па затоа, доколку се прашувавте кои се цените на основните намирници, ви ги подготвивме одговорите.

Ресторани

  • Бурек – 0,6 евра
  • Рибја чорба – 2 евра
  • Риба – од 6 до 9 евра по порција
  • Лигњи – од 5 до 6 евра
  • Салата – од 3 до 5 евра
  • Плескавица (во ресторан) – од 3 до 4 евра
  • Мешавина салата – од 2 до 3 евра

Прикажаните цени се во евра, но имајте предвид дека официјална валута во Албанија е ЛЕК.

Маркет:

  • Леб – од 0,6 до 2 евра
  • Млеко 1л – од 1,2 до 1,8 евра
  • Маслиново масло 1л – 5 евра
  • Сокови 1л – од 0,8 до 1,4 евра
  • Кечап/мајонез – од 1,2 до 1,5 евра

Цените на слатките и грицките се исти како и во Македонија.

Младите најчесто ја избираат Саранда или Валона за летна дестинација, бидејќи имаат многу клубови, барови, забави на плажа, фестивали, а што се однесува до семејствата, Саранда и Ксамил се дефинитивно најпопуларни како места на Јонското Море, или Драч и Голем на Јадранот.