Серијата Monster: The Jeffrey Dahmer Story на Нетфликс го собори рекордот на Squid Game и Bridgerton, станувајќи најгледана серија на стриминг платформата во првата недела од објавувањето, пишува Daily Mail.

Серијата за Џефри Дамер, еден од најпознатите американски сериски убијци кои ги изеде неговите жртви, собра повеќе од половина милијарда прегледи во првата недела.

Стана и деветта најпопуларна ТВ серија на англиски јазик на сите времиња на оваа платформа, пишува Variety.

За потсетување, приказната за серискиот убиец Дамер е веќе документирана, но Нетфликс со својата серија се обиде да им понуди на гледачите поинаква перспектива. Имено, серијата е фокусирана на неговите жртви, како и на неспособноста на полицијата да го фати низ годините.

Во текот на 70-тите, 80-тите и 90-тите години, Дамер извршил повеќе убиства и силувања. Тој исто така беше осуден за некрофилија и канибализам и за чување на делови од телото на своите жртви.

Дамер беше уапсен во 1991 година и осуден на 16 доживотни затворски казни за убиство и распарчување на 17 мажи и момчиња помеѓу 1978 и 1991 година.