Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денес ја прими првата доза на вакцина против „Ковид-19“.

Тој ја прими вакцината на АстраЗенека во болницата Бундесвер во Берлин, пишува Велт.

По вакцинацијата, сојузниот претседател апелираше до граѓаните да го следат неговиот пример.

– Верувам во вакцини кои се одобрени во Германија. Денес ја примив првата доза на АстраЗенека. Вакцинацијата е клучен чекор за излез од пандемија. Искористете ја можноста и вакцинирајте се, рече Штајнмаер.

Сопругата на Штајнмаер, Елке Буденбендар, исто така неодамна беше вакцинирана.