Веќе е предоцна да се ограничи глобалното затоплување на максимум еден и пол степен во споредба со прединдустрискиот период, предупредува германскиот метеоролог и климатолог Моџиб Латиф во пресрет на форумот за климата што се одржува во Берлин.
Advertisements
Метеорологот и климатологот рече дека со денешните емисии на стакленички гасови ќе го надминеме ова ниво за нешто помалку од десет години.
„Ако се земе предвид она што го прават политичарите сега низ светот, ние сме повеќе во насока на три степени“, продолжи Латиф.
Тој додаде дека се приближуваме до точка кога треба да признаеме дека времето за промени на подобро поминало.
Три степени на глобално затоплување би биле „катастрофа“, нагласи Латиф, истакнувајќи дека секогаш се чинеше дека има поитни прашања од заштитата на климата за решавање.
Министрите од околу 40 земји ќе разговараат за следните чекори што треба да се преземат во борбата против климатските промени на климатскиот дијалог во Санкт Петербург, што денеска и утре се одржува во Берлин. Домаќини на средбата се Германија и Египет. Предвидено е да се обратат германскиот канцелар Олаф Шолц и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.