Бројот на жртви во поплавите кои погодија неколку европски земји се искачи на 188. Во Германија во тек е потрага по голем број исчезнати во најголемата природна катастрофа која ја погодила земјата во последните 60 години.

Во Германија починати се 157 лица, но се стравува дека овој број ќе биде поголем.

Во околината на Келн надојдената вода однесе преку стотина живот. Полицијата очекува да пронајде уште жртви по повлекување на водата. Сојузната и покраинска влада штетата ја проценуваат на неколку милијарди евра, веќе е одредена итна помош од 300 милиони евра за санирање на штетите во покраината Рајна-Фалц, Северна Рајна Вестфалија и Баварија.

-Ова е ужасно. Германскиот јазик нема зборови со кои може ова да се опише. Но, охрабрува како луѓето се држат заедно, како си помагаат едни на други. Ние сме со вас. Обновата ќе биде долга, но ќе направиме се ова убаво подрачје да биде како порано, истакна канцеларката Ангела Меркел.

Водостоите на реките во деловите кои се погодени од поплавите полека се повлекуваат, но сливот на трите најголеми реки Раки, Дунав и Елба и натаму е висок.

Бројката од 1.300 исчезнати во меѓувреме се намали, бидејќи околу 700 луѓе се јавиле дека се безбедни или дека се евакуирани од поплавените подрачја.