Германија нема да се противи Полска да и испорача тенкови Леопард на Украина, доколку Варшава побара дозвола, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. „Да ни е поставено тоа прашање ние не би се противеле. Засега тоа прашање не е поставено“, рече таа. Бербок додаде дека е неопходно Полска да испрати официјално барање до Берлин.

Сепак, Германија сѐ уште е неодлучна за испраќање тенкови „Леопард 2“ од германско производство, на што инсистира Киев. Западот се плаши и покрај гаранциите од Украинците, дека Киев би можело да го ескалира конфликтот користејќи го оружјето за да нападне длабоко во руската територија и врз воздушните и поморските бази на Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.

Прикажи повеќе